Јовановиќ: ВМРО-ДПМНЕ не знае што со себе, а уште помалку со нечија туѓа интерпелација

од Nikola Popovski

„Министерот Спасовски ја “преживеа” интерпелацијата, “јунаците” кои бараа отповикување на Спасовски повторно избегаа од Собранието“, вака политичкиот аналитичар, Ненад Јовановиќ ја коментираше вчерашната ситуација во Собранието и интерпелацијата што ја побараа опозициската коалиција Алијанса/Алтернатива.

Според него, поведението на опозицијата не личи на ништо.

„Овие луѓе не знаат што со себе, а не пак да знаат што да прават со нечија туѓа интерпелација, или не дај боже да знаат што со државата. Демагогии и булшит опозициони политики“, потенцира Јовановиќ.

Само 11 пратеници, веројатно сите од Алијанса за Албанците и Алтернатива, гласаа „за“ интерпелацијата против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој, пак, доби поддршка од речиси сите членови на парламентарното мнозинство.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не можеа да се обратат, бидејќи не беа ставени на листата на говорници, поради тоа што, како што беше објаснето, тие својата листа ја доставиле до Џафери со неколку часа задоцнување, а денеска нивен претставник не присуствувал на координација за да се договорат.

Слични содржини