Јовановски доцни на рочиштето за „Рекет“

од Vladimir Zorba

На денешното рочиште за случајот „Рекет“ се уште се чека пристигнувањето на првообвинетиот во случајот, Бојан Јовановски.

Јовановски

Судијката Васка Николовска Масевска соопшти дека е во комуникација со судот и дека чека да и потврдат официјално дали ќе дојде или не. Нов лекар го прегледува Боки 13 бидејќи, како што рече судијката, затворскиот лекар бил болен.

Ќе се чека 30 минути да се добијат информации околу здравствената состојба и дали Јовановски ќе може да присуствува на рочиштето.

Во судницата е присутен неговиот адвокат Сашко Дукоски како и обвинителката Вилма Рускоска.

И.Р.

Слични содржини