Јовановски: ЕУ не ја сака Македонија во своите редови

од Nikola Popovski

Еден од коосновачите на мото-клубот „Ноќни волци“, Ленин Јовановски смета дека е невозможно ЕУ да бара од нас да се договориме за нешто што не можеме да се договориме во спорот со Бугарија.

-Не можеме да се договараме со некој што не е во право. Отсекогаш сум против договорите со Бугарија. Односот на бугарските политичари кон нас е навредлив и вулгарен. Се користат фашистички изјави, омраза и тоа треба да се осуди. Да бев на местото на Борел, ќе им кажев на бугарските власти и ќе им вратев со тегнење за уши и ќе им кажев дека ќе ве исклучиме од ЕУ доколку вашите постапки не се променат. Тие не личат на земја што е дел од ЕУ. Моето мислење е дека ЕУ не ја сака Македонија во своите редови. Верувајте оваа состојба што се кажува сега со украинската криза се шарени лаги и политики кои не доликуваат, кажа Јовановски во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини