Јовановски: Многу политичари и истакнати бизнисмени беа дел од Меѓународен сојуз

од Берта Китинска

Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ и Фросина Ременски денеска во Основниот кривичен суд во Скопје ги дадоа своите воведни зборови во случајот „Меѓународен сојуз“ каде се обвинети.

„Бев симпатизер и граѓански активист на СДСМ и дел од Шарената револуција. Од тогаш започнуваат контактите со Ременски, сум имал контакти и со повисоки лица од партијата“, рече Бојан Јовановски.

Истакнати бизнисмени беа дел од конститутивната седница на „Меѓународен сојуз“ и го повика бизнис секторот да се вклучат во акциите на невладината организациј.

„Ова требаше да биде самоодржлив капитален проект кој не може ниту државата да го смисли.Средбата со Силјан Мицевски ја организираше Александар Кирацовски. Имавме потпишано меморандуми за соработка со општините Охрид, Битола, Карпош и Дојран,  изјави Јовановски.

Обвинителството ги гони за измама и перење пари бидејќи, тврди, од бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски биле земени речиси еден милион евра откако биле доведени во заблуда за проект за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис.

Слични содржини