Јовановски со нови барања на денешното рочиште за „Меѓународен сојуз“

од Берта Китинска

На денешното судење на предметот за Меѓународен сојуз, обвинетиот Бојан Јовановски, повторно побара изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Предходното барање на Јовановски било одбиено од страна на претседателот на Основниот кривичен суд во Скопје, Иван Џолев.

Јовановски соопшти дека и денеска ќе поднесе ново барање.

„Поднесувам ново барање поради основано сомневање дека судијката е политички инструирана и поврзана со претседателот на овој суд за кој знам добро како е избран оваа функција. Се сомневам дека се работи за политички предмет, дека овој судечки совет е контролиран од политичките власти,изајви Јовановски.

Слични содржини