Јовановски: Во период од две-три години да не се менува даночната политика, да не се зголемуваат даночните стапки и да не се менува начинот на оданочување

од Vladimir Zorba

„Секогаш кога има криза, а во моментов се неколку истовремено, по правило постои голема неизвесност за иднината, а тоа многу го отежнува работењето на фирмите“, вели потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски.

„За да му се помогне на приватниот бизнис-сектор и за да можат фирмите подобро да ги планираат своите активности за излез и за спас од кризата, треба да се обезбеди колку што е можно поголема предвидливост на условите за работење.

Имајќи го предвид сето ова, како и важната улога на даночната политика, Стопанската комора укажува на потребата:

* во наредниот период од две-три години да не се менува даночната политика, да не се зголемуваат даночните стапки и да не се менува начинот на оданочување;

* навремено да се врши враќањето на данокот на додадена вредност;

* навремено да се сервисираат обврските на јавниот спрема приватниот сектор“, вели тој.

Слични содржини