Јовановски за работата на Советот на Град Скопје: Не сум лудо задоволен, ниту многу разочаран

од Берта Китинска

Не сум лудо задоволен, ниту многу разочаран, изјави во Утрински брифинг Горјан Јовановски, член на Советот на Град Скопје од Зелен хуман град (ЗХГ) вов рска со работата на Совет на Град Скопје.

– Мислам дека претседателот на Советот Трајко Славески доста добро си ја врши работата. Нема чекање и се` е добро од таа сфера, изјави Јовановски.

Говорејќи за соработката со градоначалничката Арсовска, Јовановски вели дека имаат соработка, но идејата е да бидат слушнати од ЗХГ.

-Проблемот со јавноста и новинарите, ние на Кабинетот на градоначалничката, им спомнавме дека е потребно подобрување, но со нас како советници, јас гледам дека имаме добра комуникација. „Буткаме“ амандмани кои се поднесени, со надеж дека проектите ќе се финализираат, вели Јовановски.

Слични содржини