Јовески: Истрагата за Рашковски беше отворена уште пред тој да си поднесе оставка

од Viktor Jovanov

Обвинителството не ја чекаше оставката на Рашковски за да побара негово приведување, Обвинителството отвори истрага по допрен глас уште додека Рашковски се уште ја извршуваше функцијата, изјави Јавниот Обвинител Љубомир Јовески во денешната емисија Топ Тема на Телма ТВ.

-После преземените предистражни мерки, Јавниот обвинител кој постапува по предметот нашол дека постојат основи за отварање истрага. Ја отвори истрагата и притоа според негова оценка треба да се преземат соодветни мерки кон лицето против кое се води истрагата, рече Јовески.

Јавниот обвинител додава дека во овој случај на екс генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, немало службена белешка од АНБ за можност за бегство како во случајот со бизнисменот Орце Камчев, но сепак Обвинителството побарало ефективен притвор. Ова барање беше одбиено од страна на судот, по што на Рашковски му е определа мерка куќен притвор.

Слични содржини