Јовески: Отворен предмет за новите аудио снимки за „Рекет“

од Vladimir Zorba

Jавното обвинителство отвори предмет за новообјавените снимки кои во саботата се појавија на Јутјуб, а за кои во јавноста се шпекулира дека „главен актер“ во нив е бизнисменот Орце Камчев.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за „Телма“ изјави дека ќе се утврдува кој ја објавил содржината, односно идентитетот на лицето кое ја објавило содржината и ја поставило на социјалните мрежи, идентитетот на лицата кои разговараат и содржината на разговорите.

Обвинителството ја отворило постапката за да утврди дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело.

Слични содржини