Јовески преку писмо добил смртна закана: Нема да ме заплашат!

од Берта Китинска

Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, вчера преку писмо добил смртна закана доколку не биде запрена постапка за еден конкретен предмет. Информацијата што вчера ја објави „А1 он“, Јовески ја потврди во разговор за ДВ.

Писмото стигнала до Јовески од Битола, а било адресирано лично до него.

„Такви закани нема да ме заплашат во постапувањето по конкретни предмети и примена на законот“, изјави Јовески за ДВ.

Јовески вели дека писмото било напишано на македонски и англиски јазик, а испраќачот се претставил како припадник на одредена терористичка организација.

Поштенските службеници тврдат дека доколку има камера во поштенскиот објект од каде што е испратено писмото, може да се утврди идентитетот на испраќачот, со оглед дека прецизно се бележи времето (датум, час, минута) кога поштенската пратка била предадена во поштата.

Јовески денеска најверојатно ќе ја пријави заканата во МВР. Обвинителот вели дека во текот на неговата досегашна работа досега никогаш не добил писмо или вербална закана со ваква или слична содржина.

Слични содржини