Јовески: Телата во моментов се извлекуваат од автобусот, ќе треба да се земат биолошки траги од роднините

од Берта Китинска

Нашите колеги јавни обвинители од Република Бугарија со кои имаме одлична соработка ги фиксираат сите траги, прибираат податоци и во овој момент не може воопшто ништо да се каже која е причината за незгодата, истакна јавниот обвинител на Република Северна  Македонија Љубомир Јовески пред болницата „Пирогов“ во Софија, каде се сместени седуммина од преживеаните патници од денешната автобуската несреќа.

Тој посочи дека обдукцијата на телата ќе се врши во Бугарија, додека биолошките траги на роднините на починатите ќе се земаат во Институтот за судска медицина во Скопје и веднаш ќе се достават во Бугарија.

– Телата во моментов се извлекуваат од автобусот, ќе треба да се земат биолошки траги од роднините и очекуваме тој процес многу брзо да заврши, изјави Јовески.

Слични содржини