Јовески: Телото на 45-тата жртва било во просторот од автобусот кој бил најмногу изгорен

од Nikola Popovski

Местото не било видливо со оглед дека во тој дел од автобусот бил најмногу изгорен и во еден дел кај што не можело телото да се забележи, во моментот на извлекување на телата, изјави државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески околу денешното пронаоѓање на 45-та жртва во несреќата.

Според него, кога се пристапило кон испитување на внатрешноста на автобусот, тогаш се пронашло телото.

-Тоа е помладо лице. Не може да се каже дека е најдено на седиште или под, со оглед дека целата внатрешност беше изгорен. Знам како изгледаше. Силината на оганот придонела делови на возилото да бидат деформирани, освен просторот каде што се наоѓал моторот, информира Јовески во емисијата „360“.

Слични содржини