Јовески: Во автобусот е најдено уште едно тело на младо лице

од Берта Китинска

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески денеска на прес конференција истакна дека во македонското јавно обвинителство пристигнале претставници на јавното обвинителство на Бугарија.Тој извести дека  при вештачењењто пронајдено е уште едно тело и бројот на жртви е искачен на 45.

“При вештачењето на изгорениот автобус во неговите изгорени делови е најдено уште едно тело, тело на младо лице. Немам детали каде точно, во кој дел на автобусот, е пронајдено телото, но е меѓу другите изгорени работи во автобусот”, кажа денеска Јовески.

Тој посочи дека во текот на утрешниот ден ќе им бидат предадени ДНК анализите на роднините на загинатите, како и целата документација која ја собрале.

Се работи за документација на агенцијата Беса Транс, регистрација на автобусот како и податоци од Министерството за транспорт и врски.

Слични содржини