Јовевски: Прашањето за покачување на минималната плата единствено има дневно-политички и популистички контекст

од Vladimir Zorba

Во очекување на исходот од состанокот на економско -социјалниот совет на кој треба да се донесел одлука дали, колку и кога ќе се зголеми минималната плата, „Локално“ разговараше со професорот по трудово право Лазар Јовевски.

Според него договор меѓу трите страни нема да се постигне, а минималната плата ќе се зголеми во март бидејќи тоа е законска обврска.

Јовевски смета дека во услови кога економијата не бележи стапки на раст, во енергетска криза и инфлација, прашањето за минималната плата се користи за дневно- политички цели.

Стопанството има голем број на аргументи против и најголемиот дел од нив се оправдани. Покачувањето на минималната плата во услови кога расте невработеноста, кога има  инфлација, кога пропаѓаат компаниите, кога економијата се уште не покажува значи на закрепнување, а камо ли раст, кога оваа година ќе се соочиме со енергетска криза и ќе започне криза за храна, очигледно е дека прашањето за покачувањето на минималнатата плата има единствено дневно-политички и популистички контекст.Минималната плата секако дека треба да расте, но врз основа на реален економски раст и здрава социјална политика“, вели Јовески.

Овој концепт кој што упорно се турка, според него,  не е израз на инклузивен социјален дијалог и на реалните економски перформанси на земјата.

„Ако решението се спроведе до крај, најмалку што ќе биде нужно е државата да учествува со субвенции на придонесите за делот на покачувањето на минималната плата. Не очекувам во текот на утрешниот ден да се постигне договор заради неусогласноноста на ставовите на станите во трипартитниот социјален дијалог на национално ниво (работодавачите, синдикатот и претставниците на Владата). Во март секако редовно ќе се усогласува минималната плата бидејќи тоа е законска обврска. Но, покрај тоа, Левица веќе поднесе предлог за менување на Законот за минимална плата каде се предлага износот на минималната плата да биде 60% од просечната нето плата во земјата и овој предлог Закон е ставен во скратена постапка“, истакнува тој.

К.В.С.

Слични содржини