ЈСП: НЕМА ПОВРЕДЕНИ ПАТНИЦИ ВО СООБРАЌАЈНАТА НЕЗГОДА КАЈ ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ

од Vladimir Zorba

Во сообраќајната незгода која се случи попладнево на автобуската постојка кај Шумарски факултет, помеѓу автобус на ЈСП Скопје и две патнички возила, нема повредени патници. За среќа, причинета е само материјална штета, соопштија од ЈСП.

Според изјавата на возачот на автобусот дадена на внатрешната контрола на ЈСП Скопје, незгодата се случила околу 15 часот во момент кога автобусот (ЛАЗ) кој сообраќал на линија 50 стоел на автобуската постојка кај Шумарски факултет, за влез/излез на патници, и во него од позади удрило едно од двете патнички возила кои учествувале во незгодата.

МВР работи на целосно расветлување на случајот.

ЈСП Скопје апелира на поголема внимателност на сите учесници во сообраќајот, со цел избегнување на евентуални човечки жртви и поголеми материјални штети.

Инаку, според извештајот на ЈСП Скопје за работењето во период јануари-јуни 2019 год, возилата на ЈСП Скопје учествувале во 73 сообраќајни незгоди, при што 50 биле по вина на патнички моторни возила.

Слични содржини