ЈСП: Во понеделник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

од Берта Китинска

ЈСП информира дека поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, во понеделник, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Во понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

Утре, сабота, сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела е неработен ден за сите продажни места.

Жичарницата за време на претстојниот викенд, како и во понеделник ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот.

Слични содржини