Јунајтед би можел да го искористи Смолинг во можна зделка за Заниоло

од Aleksandar Petrovski

Манчестер јунајтед ќе се обиде да го привлече младиот италијански репрезентативец Николо Заниоло, јавуваат италијанските медиуми. Играчот од средниот ред на Рома е еден од најголемите таленти на Апенините, а „црвените ѓаволи“ би можеле да го искористат Крис Смалинг како адут во можниот договор.

Англискиот дефанзивец им се придружи на „волците“ на позајмица пред почетокот на сезоната и остави одличен впечаток со својата игра досега. Рома најверојатно ќе се обидат да го задржат Смилинг, а од „Олд Трафорд“ бараат сума од 15 до 20 милиони евра.

Од почетокот на сезоната, Заниоло има 12 натпревари во Серија „А“ со три гола, а бешепрецизен и пред два дена за репрезентацијата на Италија при победата од 9-1 над Ерменија.

Слични содржини