Јунајтед бирал: Линделоф или Ван Дајк

од Stefanija Kuzmanovska

Манчестер Јунајтед веќе три кола по ред е на врвот на табелата во Премиер лигата и се наоѓа во одлична форма.

Тимот од „Олд Трафорд“ има скор од десет победи и три нерешени натпревари на последните 13 натпревари во Премиер лигата, а исто така се пласираше во петтото коло од ФА купот со победа над Ливерпул.

Тимот од „Енфилд“ истакнува дека причината за кризата е што не можат да сметаат на стоперот Вирџил ван Дајк со месеци.

Тој се повреди кон средината на октомври на дербито со Евертон по дуелот со голманот Џордан Пикфорд.

Ливерпул успеа да се одржи во форма некое време, но во последно време тие бележат пад и сега се на четвртото место.

Интересна приказна за Ван Дајк откри поранешниот напаѓач на Саутемптон, Чарли Остин, кој раскажа како Ван Дајк завршил на „Енфилд“.

Звучи неверојатно дека и Манчестер Јунајтед го сакаше во 2018 година, но дека наместо Холанѓанецот, тие одбраа да го донесат Виктор Линделоф од Бенфик.

-На крајот од кариерата на Вирџил во Саутемптон, седевме на клупата на гостувањето кај Челси. Го прашав: „Вирџил, момче, што се случува? Сигурно те бараше Манчестер Јунајтед. Одличен клуб“. Во тој стил. Ми рече: „Ако навистина сакаш да знаеш, летово имаше избор помеѓу мене и Линделоф, тие го избраа него“. Му реков: „Мора да се шегуваш!“ “Не можев да верувам, бев зачуден. Навистина се зборуваше за тоа како оди во Јунајтед, а потоа пристигна Линделоф – изјави Остин за Talk Sport.

Останатото е познато. Ливерпул го донесе Ван Дајк за 75 милиони и тоа им се исплатеше.

Слични содржини