Јунајтед го објави составот за претсезонската турнеја, Роналдо повторно отсутен

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед официјално го објави составот кој ќе патува во Тајланд и Австралија на претсезонската турнеја. Тој е составен од 31 играч, но во него го нема Кристијано Роналдо.

Португалската ѕвезда во понеделник требаше да се врати на тренинзите заедно со останатите соиграчи кои беа посветени на националните тимови, но поради семејни причини тој досега не се приклучи на тимот.

Медиумите продолжуваат да шпекулираат дека Роналдо сака да ги напушти „црвените ѓаволи“ и да се пресели во тим кој се натпреварува во Лигата на шампионите.

Меѓу најавените 31 играч, има само едно ново засилување во лицето на Тајрел Маласија, кој пристигна за 15 милиони од Феенорд.

Покрај тоа, има 13 јуниори од академијата на тимот кои ќе добијат шанса да го импресионираат новиот тренер на тимот Ерик тен Хаг. Меѓу нив се големите надежи на 20-кратните шампиони Зидан Икбал, Ханибал Межбри и Алехандро Гарначо, но забележливо е и отсуството на Фил Џонс.

Манчестер Јунајтед ќе се соочи со Ливерпул во вторник на 12 јули во нивниот прв „загревачки“ натпревар.

Слични содржини