Јунајтед го позлатува Де Хеа, Шпанецот станува најскапиот голман во светот

од Vladimir Zorba

Давид Де Хеа ќе стане најплатениот голман на светот, кога ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед за кој веќе постигна договор со раководството, пишува „Марка“.

Според најновите информации, шпанскиот репрезентативец ќе го потпише својот нов договор по завршувањето на Светското првенство и на тој начин ќе плаќа 21 милион евра годишно.

Договорот ќе биде за период од 5 години, а голманот во пракса повторно ќе го одбие Реал (Мадрид) и ќе ја врзе својата иднина со „црвените ѓаволи“.

Де Хеа игра за англискиот гигант од 2011 година.

Минатата сезона играше 45 натпревари за тимот, а во 22 од нив не дозволи гол во својата мрежа.

Слични содржини