Јунајтед го прашал Икарди дали сака да се пресели во Манчестер

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед преку посредници стапил во контакт со луѓе од опкружувањето на Маури Икарди за да дознаат дали напаѓачот на Пари Сен Жермен е заинтересиран да дојде на „Олд Трафорд“. Ерик тен Хаг продолжува со напорите да потпише нов напаѓачки играч откако клубот се откажа од првичната намера да го ангажира Марко Арнаутовиќ минатата недела.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие веќе во чист текст најави дека нема да се потпира на Икарди и клубот ќе се обиде да го оствари трансферот на Аргентинецот.

Сепак, неговата партнерка Ванда Нара, која е негов агент, изјави дека напаѓачот има намера да остане до крајот на договорот, кој истекува за две години. Но според информациите во Франција, Икарди е склон да ја промени средината и да го прифати овој нов предизвик. Двата клуба се уште не започнале преговори меѓу себе.

Пред една недела „Екип“ објави дека ПСЖ се уште е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд.

Слични содржини