Јунајтед го пушта Роналдо, Челзи прв во редот за него

од Stefanija Kuzmanovska

На начин како што се случи неговото заминување од Јувентус, Кристијано Роналдо, според сите проценки, ќе успее да си го извади излезниот билет од Манчестер Јунајтед. Португалецот во понеделникот не се појави на почетокот на подготовките на „црвените ѓаволи“, оправдувајќи го своето отсуство од лични причини. Тоа беше јасен знак за клубот дека мора да најдат начин да се договорат со менаџерот на Роналдо, Жорге Мендеш за тоа како двете страни ќе се збогуваат. Според англиските медиуми, Роналдо е решен да ја продолжи кариерата на друго место, а прв во низата е Челзи.

Јунајтед од трансферот на Роналдо ќе заработи 17,5 милиони евра, што ќе биде само за 2,5 милиони повеќе од сумата што ја обештетија минатата сезона на Јувентус кога Кристијано се врати на Олд Трафорд.

И покрај тоа што во Манчестер на почетокот не беа за таква идеја, упорноста на Португалецот ги натера да го сменат ставот и да сфатат дека Роналдо не сака да игра за тим што нема да се натпреварува во Лигата на шампионите следната сезона.

Со оглед на тоа што има уште една година соработка со „црвените ѓаволи“, заинтересираниот ќе мора да го обештети Јунајтед.

Челзи изгледа како најреална опција; На Тод Боли, новиот сопственик на клубот му треба име со несомнен фудбалски кредибилитет, а Роналдо би бил гаранција дека неговиот мандат може да започне мирно и без преголем притисок од навивачите.

Челзи е на прагот да го доведе Рахим Стерлинг од Манчестер Сити за околу 50.000.000 евра, додека Кристијано би го платил три пати помалку.

Слични содржини