Јунајтед го сака Роналдо, но под еден услов

од Stefanija Kuzmanovska

Доколку Јувентус не ја обезбеди Лигата на шампионите следната сезона, Кристијано Роналдо ќе го напушти тој клуб.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед најмногу е заинтересиран за Португалецот.

Менаџерот на Роналдо, Жорже Мендеш го понудил својот пулен на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, но нивниот одговор бил негативен.

Проблем може да биде платата на 35-годишниот фудбалер, која во моментов изнесува 31.000.000 евра годишно во Јувентус.

Јунајтед покажува интерес, а работата ќе се заврши само ако Роналдо се согласи на плата половина пониска од онаа што ја има во Торино.

Роналдо е во Јувентус од 2018 година, а неговиот договор истекува следната година.

Јунајтед е подготвен да му понуди двегодишна соработка.

Слични содржини