Јунајтед игра толку лошо што лекарите на Фергусон му забраниле да го гледа

од desk2

 

Манчестер јунајтед под Жозе Мурињо игра лош и досаден фудбал, а постигнува просечни резултати оваа сезона.

Во Премиршип се шести со 16 бофови заостаток зад лидерот Ливерпул, а во Лигата на шампиони успеаја да влезат во осмина-финалето од второто место во групата зад Јувентус.

Севкупниот впешаток на Црвените ѓаволи е лош, а во комбинација со мачната атмосфера во клубот толку многу го нервира легендарниот сер Алекс Фергусон, што лекарите му забранија да ги гледа два пати неделно.

Заради можноста од преголем стрес на тврдоглавиот Шкот лекарите го присилиле да не оди на секој натпревар на Олд Трафорд, а и препорачно му е да прескокнува да ги гледа оние натпревари кои одат на телевизија.

Во мај легендарниот 76-годишен менаџер на Црвените ѓаволи имаше мозочен удар и сега мора строго да мирува.

Тие планови сериозно ги нарушува неговата животна опсесија, клубот кој од неговото заминуавње во 2013 година преживува во главно, болни моменти.

Слични содржини