Јунајтед му нуди нов договор на Мектомини

од Vladimir Zorba

Манчестер јунајтед ќе му понуди нов договор на Скот Мектомини, еден од најпостојаните играчи на „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната.

Во моментот, младиот фудбалер на Јунајтед добива по 30.000 фунти неделно, но клубот планира да го удвои неговиот надоместок.

Шкотот потпиша во јануари годинава, но неговата силна игра ќе ги промени условите во негова корист.

Новиот договор ќе биде до 2025 година со опција за дополнителни 12 месеци. Сè ќе биде разјаснето на почетокот на 2020-та.

Мектомини досега има 18 натпревари за Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната.

Слични содржини