Јунајтед му се „истури“ на Транмере во ФА Купот

од Vladimir Zorba

Манчестер јунајтед доби на самодоверба по слабите игри во последно време и со победа од 6:0 како гостин на Транмере се квалификуваше за 5. коло на ФА Купот. Екипата на Оле Гунар Солскјер реши сè пред паузата кога постигна пет гола.

Мегваер му даде предност на тимот со моќен шут во 10-тата минута, а потоа прецизни за Јунајтед беа Диего Далот (13), Џеси Лингард (16), Фил Џонс (41) и Ентони Марсијал (45). По паузата, младиот Мејсон Гринвуд (56) реализираше од пенал.

Дуелот се одигра во тешки услови на лошиот терен на „Прентон Парк“, но тоа се чинеше дека не влијаеше на играчите на Солскјер на кој било начин.

Слични содржини