Јунајтед му удри „шлаканица“ на Арсенал, Рамсдејл спречи дебакл

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Арсенал во шестото коло од Премиер лигата на „Олд Трафорд“ со 3:1.

Јунајтед го реши натпреварот од 66. и 76. минута кога со два гола му го нанесе првиот пораз сезонава на Арсенал.

Избраниците на Ерик тен Хаг ја искористија предноста и казнија голем пад во одбраната на гостинскиот тим и потврдија дека постепено ја подобруваат формата.

Далот и Антони одиграа одлично по десната страна, ги проиграа Хесус и Зинченко, а центаршутот за Кристијан Ериксен одлета кон втората статива.

Данецот од прва шутираше покрај стативата. Само две минути подоцна, во деветтата, Вили Салиба за малку ќе постигнеше гол на другиот крај.

Беше небранет на десетина метри од голот на Јунајтед, шутираше невешто со десната нога и од многу добра позиција ја испрати топката високо над гредата.

Габриел Мартинели му донесе водство на Арсенал и ја казни лошо поставената одбрана на Јунајтед со брз залет и низок удар од левата страна во далечниот агол од голот.

Сепак, по многу бурни поплаки од играчите на Јунајтед, тој отиде да ги види снимките од ВАР бидејќи на почетокот на акцијата Мартин Едегор очигледно го фаулираше Ериксен.

Затоа Пол Тиерни по неколку минути ја промени одлуката и семафорот повторно покажа 0:0.

Само по половина час игра Мартинели имаше обид со глава, а Давид де Хеа одлично одбрани.

Речиси веднаш потоа Јунајтед поведе со голот на Антони, новајлијата од холандски Ајакс.

Тој ја прими топката десно од Маркус Рашфорд, шутираше од прва во далечниот агол и погоди за 1:0.

Арсенал израмни во 60. минута кога Едегор ја испрати топката на средина за Хесус, Далот реагираше лошо, а Букајо Сака наиде на цицер и ја смести во мрежата за 1:1.

Сепак, само шест минути подоцна, Бруно Фернандеш го постави вториот гол на Јунајтед со нереално додавање до Маркус Рашфорд.

На напаѓачот на Манчестер не му беше тешко да ја реализира акцијата во која влезе во идеална позиција пред Арон Рамсдејл, голманот на „топчиите“.

Потоа веќе беше јасно дека одбраната на Арсенал целосно се изгуби. Рамсдејл одлично одбрани зицер во 69. минута, но веќе се чувствуваше дека ќе падне уште еден гол.

Тоа се случи во 76. минута кога Кристијан Ериксен ја прими топката од средината, излезе заедно со Рашфорд пред немоќниот Рамсдејл за лесни 3:1 и втор гол на Рашфорд.

После тоа, за спас на резултатот влегоа Касемиро и Хари Мегваер, па лондонскиот клуб во шестиот меч го забележа првиот пораз сезонава.

Слични содржини