Јунајтед не покажа милост кон Хадерсфилд, Санчез со деби гол

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед оствари победа од 2-0 над Хадерсфилд во 26-коло на Премиер Лигата, одиграно на „Олд Трафорд“.

Така „Црвените ѓаволи“ ги смирија своите навивачи по слабата игра и порзот против Тотенхем во последниот круг.

Лукаку им донесе предност на домаќините во 55. минута, додека Санчез во 68.минута го оформи конечниот резултат.

Тоа беше, исто така, деби гол за Чилеанецот за неговиот нов тим.

По успехот, Јунајтед се собра 56 поени и го искористија денешниот кикс на Манчестер Сити.

Сепак, разликата меѓу двата тима останува премногу голема – 13 поени.

Резултати од Премиер лигата:

Барнли 1 – 1 Манчестер Сити
Борнемут 2 – 1 Стоук Сити
Брајтон 3 – 1 Вест Хем
Лестер 1 – 1 Свонси
Манчестер Јунајтед 2 – 0 Хадерсфилд
ВБА 2 – 3 Саутемптон

Слични содржини