Јунајтед нишани на уште еден играч на Челси

од Vladimir Zorba

Во потрага по засилувања во нападот, Манчестер Јунајтед го насочи својот интерес кон уште еден играч на Челси – Кристијан Пулишиќ, тврди „Атлетик“. Американскиот интернационалец од Челси не ужива доволно минутажа на теренот, откако влезе како резерва на првите два меча на тимот во Премиер лигата.

Желбата на самиот играч да биде почесто на теренот и на тој начин да биде во форма за Мундијалот е адутот на кој Јунајтед се потпира во сите преговори. Идејата е да се донесе Пулишиќ на позајмица. Меѓутоа, дали Томас Тухел би го дал својот играч на директен конкурент е друго прашање. Има информации дека и Ерик тен Хаг притиска за Хаким Зиеч.

Летово Њукасл, Јувентус и Атлетико Мадрид веќе се изјаснија дека се подготвени да го привлечат поранешниот играч на Борусија (Дортмунд), за кого лондончани пред три години платија 70 милиони евра.

Во последните денови се појавија имињата на офанзивните играчи како Матеус Куња (Атлетико), Џејми Варди (Лестер), Алваро Мората (Атлетико), Жоао Феликс, Мауро Икарди (ПСЖ) и Пјер-Емерик Обамејанг (Барселона), а имаше и опции за Тимо Вернер (РБ Лајпциг) и Марко Арнаутовиќ (Болоња).

Слични содржини