Јунајтед плаќа 80 милиони евра за еден од најдобрите халфови во Англија

од Vladimir Zorba

Најдобриот англиски халф, Џек Греалиш (24) ќе ја напушти Астон Вила ова лето, а кариерата веројатно ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед, пренесоа денеска британските медиуми.

Грилиш е решен да ја напушти Вила без разлика дали клубот ќе обезбеди опстанок во Премиер лигата. Неговиот договор со Астон Вила истекува во летото 2023 година, а Вила би можеле, според британските медиуми, да побараат обесштетување од 80 милиони евра.

Манчестер јунајтед е подготвен да ја плати сумата, а на Грилиш му нуди плата од 8,5 милиони евра по сезона.

Џек е еден од најдобрите дриблери во англискиот фудбал, одличен е на теренот, но надвор од него имаше неколку испади, нешто штосеочекува да се среди по доаѓањето на „Олд Трафорд“.

Слични содржини