Јунајтед прими 4 гола од Брентфорд за 35 минути

од Vladimir Zorba

Голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Хеа е директно одговорен за првиот гол на Брентфорд во второто коло од англиската Премиер лига. Џош Дасилва шутираше кон неговиот гол во десеттата минута, очигледно тоа не беше тешка топка за шпанскиот голман, но некако му мина низ раце и заврши во мрежата.

Веќе во 18. минута беше 2:0 за Брантфорд. Матијас Јенсен му ја одзеде топката на невнимателниот Лисандро Мартинез на десетина метри од голот, се намести и погоди за 2:0 покрај немоќниот Де Хеа.

Во 35. минута веќе беше 4:0 за Брентфорд. Најпрвин во 30. минута стоперот Бен Мее по корнер го прескокна Лисандро Мартинез и погоди за 3:0, а потоа Мбуемо на одличната асистенција на Тони погоди за 4:0.

Брентфорд целосно доминира во првото полувреме против катастрофалниот Јунајтед.

Слични содржини