Јунајтед работи на уште еден трансфер

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед работи на трансфер за играчот од средниот ред на Јувентус, Адриен Рабио, тврди Дејвид Орнштајн од „Атлетик“. 27-годишниот Французин има договор со „бјанконерите“ на уште 12 месеци и веќе станува една од главните цели на Ерик тен Хаг за дополнително зајакнување на средниот ред на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед веќе го ангажираше Кристијан Ериксен и се уште се обидува да го привлече Френки де Јонг од Барселона. Сепак, овој не сака ни да слушне за заминување од Каталонците, а вчера претседателот на Барселона, Жоан Лапорта уште еднаш изјави дека Холанѓанецот ќе остане на Камп Ноу.

Со оглед на тоа што е така, Јунајтед мора да одлучи дали навистина ќе продолжи да прави обиди да ги доведе двајцата играчи, или засекогаш ќе се откаже од Де Јонг и ќе ги фокусира сите свои напори само на Рабио.

До крајот на преодниот рок, Тен Хаг сака најмалку двајца нови играчи – по еден за средината и нападот.

Слични содржини