Јунајтед сака долгорочна соработка со Солскјер

од Aleksandar Petrovski

Потпретседателот на Манчестер јунајтед, Ед Вудвард изјави дека клубот има за цел долга соработка со сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер.

– Наша цел е да имаме моќна завршница на сите турнири на кои учествуваме: Премиер лига, Лига Европа и ФА купот. Продолжуваме да напредуваме во однос на реструктуирање на составот, Манчестер јунајтед има многу новодојденци, и купени од други тимови, како и начи членови од клупската академија. Ја поставуваме основата со цел да постигнеме долгорочен успех заедно со тренерот Солскјер, изјави Вудвард.

Манчестер јунајтед по 27 кола во Премиер лигата се наоѓа на 5. место.

Слични содржини