Јунајтед се договори со Баерн за дефанзивец, Вест Хем го држи „клучот“ за зделката

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Манчестер Јунајтед постигна договор за личните услови со Нусаир Мазрауи, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

„Црвените ѓаволи“ веќе се договориле со неговиот клуб Баерн (Минхен), а од „Олд Трафорд“ за играчот, според други извори, ќе платат 21 милион евра.

Баварците, исто така, се договорија со Вест Хем за бекот во средината на неделата, но зделката пропадна поради одбивањето на играчот да се пресели во Лондон.

Сепак, „чеканите“ се тие кои продолжуваат да држат своевиден „клуч“ за трансферот на Мазрауи на „Олд Трафорд“, бидејќи тие, пак, мора да постигнат договор за личните услови на Арон Ван-Бисака од Манчестер Јунајтед, чие заминување ќе обезбеди средства и ќе ослободи простор за да биде доведен Мазрауи.

Слични содржини