Јунајтед сериозно ја зголемува понудата за Ентони, подготвува иста и за Гакпо

од Vladimir Zorba

Манчестер Јунајтед подготвува нова понуда за крилниот напаѓач на Ајакс, Ентони. Откако холандскиот клуб ја отфрли последната понуда на „црвените ѓаволи“, која беше вредна 68 милиони фунти, тимот од „Олд Трафорд“ сега ќе го зголеми нивото до 80 милиони фунти со надеж дека трансферот ќе биде успешен.

Самиот играч вчера уште еднаш пред клубот го кажа својот став дека сака да премине во Манчестер Јунајтед. Веќе минатата недела тој ги договори личните услови, но останува уште двата клуба да се договорат за сумата на трансферот.

Според „Дејли Мејл“, Манчестер Јунајтед наскоро ќе упати понуда за крилниот напаѓач на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо. Од „Олд Трафорд“ го чека денешниот решавачки реванш од баражот за Лигата на шампионите меѓу ПСВ Ајндховен и Ренџерс. Досега се веруваше дека Јунајтед ќе се обиде да го ангажира Гакпо како алтернатива на Ентони, но 20-кратниот шампион очигледно работи на двата трансфери истовремено.

Слични содржини