Јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговори

од Берта Китинска

Министерот Бујар Османи и премиерот Зоран Заев  остануваат  на ставот дека јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговори.

„Јас останувам на ставот дека во наредниот период, јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговорите, пред тоа остануваат уште две недели за да се надминат разликите. Има сериозен ангажман на Португалското претседателство, знаете и со конкретниот предлог којшто ние го проценивме како добра основа за надминување на разликите. Сметаме дека португалскиот предлог ги адресира сензитивностите на трите страни, нашата страна, бугарската страна и на земјите членки коишто очекуваат дека преговарачкиот процес нема да биде контаминиран со билатерални прашања и дека тоа може да биде добра основа за надминување на разликите“, истакна министерот за надворешни работи.

Премиерот Зоран Заев, денеска, ијзави дека целиот фокус на Владата е кон Бугарија со сите бугарски институции, пред се претседателот на Бугарија, Румен Радев, но и премиерот Стефан Јанев и министерот за надворешни работи, и додаде дека Владата се надева дека навистна во јуни ќе дадат поддршка да се направи следниот чекор во интегративните процеси на Македонија.

„Јас денеска ќе се слушнам со претседателот, којшто денеска попладнево се враќа, и ќе можам да поразговарам за самите детали, затоа што нашиот министер за надворешни работи Бујар Османи веќе стапи во контакт со министерот за надворешни работи на Бугарија. Пред два дена се слушнав со премиерот на Бугарија, Стефан Јанев и договоривме следни комуникации. Овие денови како што објави претседателот на Бугарија сепак тие го прават гестот на пријателство, очекуваме следната недела да направиме прва средба на граничниот премин, барем како што е најавено“, рече Заев и најави дека кабинетите се уште договараат и допрва треба да се види дали преку Црвениот крст на Бугарија на Македонија ќе се донираат 50 илајди вакцини против ковид-19.

Македонија од декември лани е со вето од Бугарија за старт на преговорите за членство во ЕУ. Софија го обвинува Скопје дека не го почитува Договорот за добрососедство, но инсистира и на тоа Македонија да признае бугарски корени на идентитетот и јазикот. Македонската влада вели дека идентитетот и јазикот се црвените линии и дека ниту се преговарало, ниту ќе се преговара за нив.

Слични содржини