Јункер во писмо открива дека Србија и Црна Гора во ЕУ ќе влезат во 2025 година?

од desk2

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер упати писмо до претседателот на Европската комисија и претседател на Советот на ЕУ за стратегијата на ширење на ЕУ, во ке вели дека Комисијата планира да направи успешна стратегија за интегрирање на Србија и на Црна Гора во ЕУ во 2025 година.

Имено, портпалот „Јуропиан вестерн Балканс“, наведува дека во тоа писмо Јункер најавил дека Комисијата планира до крајот на следната година да изработи стратегија за успешно пристапување на Србија и на Црна Гора во ЕУ, со перспектива на пристапување во 2025 година.

Истиот портал наведува дека со јункеровото писмо упатено вчера, во еден од десетте приоритети во рамки на „планот за обединување, посилна и демократска ЕУ“, се спомнуваат Србија и Црна Гора како главни кандидати од Западен Балкан за пристапување кон Европската унија, чија стратегија за успешно пристапување треба да се изработи.

Посебен нагласок се става на областа на владеењето на правото, основните права и борба против корупцијата и комплетна стабилност на целиот регион.

Покрај говорот „За состојбата на Унијата“, претседателот Јункер заедно со својот потпретседате Франс Тименрманс испратија и писмо за намери до претседателот на Европкскиот парламент и претседателот со Советот, кое содржи детално наведени активности кои Комисијата има намера да ги преземе низ законодавната политика и други иницијативи до крајот на 2018 година.

Секоја година во септември претседателот на ЕК говори за состојбата во ЕУ пред Европскиот парламент, земјачи ги во обзир ланските достигнувањата од минатата година и претставувајќи ги приоритетите за наредната година.

Потоа, претседателот праѓа писмо со намери до претседателот на Европскиот парламент и претседавачот со Советот на ЕУ, што е посебно предвидено со „Рамката за спогодба за односите меѓу Европскиот парламент и Европската комисија“ од 2010 година.

Слични содржини