Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека исходот од гласањето во Парламентот на Британија и отфрлањето на договорот го зголемува ризикот од Брегзит без договор.

– Опасноста од излегување на Лондон без уредени правила по гласањето оваа вечер е зголемена, нагласува тој во соопштение.

Јункер изрази жалење поради одлуката на британскиот Парламент да не го поддржи договорот кој го испреговара премиерката Тереза Меј со ЕУ партнерите. Тој додаде дека процесот на ратификација од страна на земјите членки на ЕУ сепак продолжува.

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, од своја страна само куса твитна:

-Ако договор не е возможен, а никој не сака без договор, кој ќе има храброст да каже кое е единственото позитивно решение?

По две години преговори помеѓу Брисел и Лондон, кон крајот на минатата година беше постигнат “договор за повлекување“ или “договор за Брегзит“.

Британците треба да ја напуштат ЕУ на 29 март.

Врендоста на британската фунта вечерва се намали за половина процент до околу 1,28 долари за една фунта. Тоа е најниско ниво од почетокот на годината. Спрема еврото британската фунта се намали за 0,895 фунти.

По неприфаќањето на договорот можни се повеќе сценарија – од распишување нови избори до нов референдум или дури излегување на Велика Британија од ЕУ без договор, што би можело да доведе до хаос, предизвикан од брзиот прекин на односите со Унијата.