Јутарњи: Три пропусти му овозможија самоубиство на Праљак

од desk2

Службите за безбедност направиле најмалку три пропусти кои му овозможија на хашкиот осуденик Слободан Праљак да изврши самоубиство во судницата, пишува хрватски „Јутарњи“.

Првиот пропуст е направен во притворската единица во Шевенинген кога Праљак не бил детално претресен при излегувањето од притворот.

Соговорниците на „Јутарњи“ велат дека шишенцето со отров најверојатно Праљак го донел од притворската единица, во костумот кој му бил донесен за заминување во судница.

„Вториот пропуст е недоволниот преглед при влегувањето на обвинетите во судница кои би го спречиле Праљак од џебот да извади шишенце и да испие отров“, пишува „Јутарњи“.

Судењето на шестмината Хрвати во случајот „Прлиќ“ беше прекинато откако Праљак го испи отровот, по пресудата со изречена казна од 20 години затвор.

Слични содржини