Јутјуб ги блокира сите антиваксерски содржини

од Nikola Popovski

Компанијата Јутјуб ќе ги блокира сите антиваксерски содржини на својата веб-страница, објави „Вашингтон пост“.

Во извештајот се наведува дека Јутјуб ќе забрани содржина против вакцините што не се однесува само на вакцини против Ковид-19, туку и на други вакцини, како што се оние против големи и мали сипаници.

Повикувајќи се на потпретседателот на Јутјуб за глобална доверба и безбедност, Мет Халприн, „Вашингтон пост“ посочува дека компанијата ќе забрани и познати активисти кои се борат против вакцините, и дека тоа ќе го сторат со укинување на неколку профили.

-Во ова вклучуваме содржина која лажно тврди дека одобрените вакцини предизвикуваат аутизам, рак или неплодност, или дека супстанциите во вакцините можат да ги следат оние што ги примаат, се вели во соопштението на компанијата, додавајќи дека нејзините правила ќе важат за специфични вакцини, како што се оние против големите сипаници, но и за општите тврдења за вакцините.

Платформата претходно воведе правило за забрана на дезинформации во врска со коронавирусот, за време на пандемија, вклучително и оние за третмани и превенција.

Слични содржини