Јуве до Роналдо: Заминуваш?

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот италијански хегемон Јувентус сака да добие јасен знак од својата суперѕвезда Кристијано Роналдо за неговите идни планови.

„Бјанконерите“ минуваат низ тежок период бидејќи нивната 9-годишна доминација на „чизмата“ е завршена, традиционално тимот добива „клоца“ на почетокот на Лигата на шампионите, а сега се чини дека нивната португалска sвезда сериозно размислува за трансфер.

Договорот на 36-годишниот Ибериец истекува точно 12 месеци подоцна и „старата дама“ сака да ги знае неговите намери за правилно да го испланира неговиот избор.

Шефовите на Јуве се прашуваат дали има смисла да се задржи напаѓачот уште една сезона, доколку тој нема мотивација да продолжи. Се шпекулира дека Роналдо размислува на два чекори – враќање во Манчестер Јунајтед или трансфер во ПСЖ.

Наскоро се очекува средба помеѓу управата на Јувентус и агентот на играчот – господарот на трансферите Жорже Мендеш. На неа ќе биде донесена конечна одлука за иднината на Роналдо.

Слични содржини