Јуве и Интер во битка за 19-годишен лев бек на Ривер Плата

од Vladimir Zorba

Италијанските гиганти Јувентус и Интер влегуваат во спор за дефанзивецот на Ривер Плата, Марсело Сарачи. Најверојатно момчето ќе премине од летото во италијанското првенство, соопштува сајтот „La Pagina Millonaria“, кој е специјализиран во вести за аргентинскиот клуб Ривер Плата.

Сарачи е уругваец, роден е во 1998-та година и игра како лев бек. На 18 години дебитира за сениорскиот тим на Данубио и за година и половина забележува 54 натпревари и 3 гола.

Од минатата година е во Ривер Плата и има 14 натпревари во сезоната. Квалитетите му не остануваат незабележани и очекувањата се 172-сантиметри високиот бек да се пресели во италијанското калчо. Во моментов во Ривер имаат само писмо за интерес од Интер, но очекувањата се наскоро такво да добијат и од шампионите.

„Јасно е дека иднината на момци како него е во Европа. За нас не е важно каде ќе отиде, ако купувачите ги исполнат нашите услови“, изјави претседателот на клубот од Буенос Аирес – уругвајската легенда Енцо Франческоли.

Слични содржини