Јуве започнува офанзива за привлекување на Марсиал

од Vladimir Zorba

Јувентус ќе се обиде да го привлече напаѓачот на Манчестер Јунајтед Антони Марсиал по секоја цена во текот на летото.

Според Tutsport, тренерот на тимот од Торино, Макс Алегри сака францускиот репрезентативец да го засили нападот.

22-годишниот фудбалер не успеа да се избори за место во стартниот состав на „Олд Трафорд“ и размислува сериозно да го напушти тимот во летниот трансфер прозорец.

Тој е трансфер цел на „Старата Дама“ подолго време, а тимот се обиде да го привлече уште пред неколку години во своите редови.

На крајот сепак Марсал претпочиташе во 2015 година да премине во Јунајтед и така да стане за тоа време најскапиот тинејџер.

Слични содржини