ЈУВЕНТУС ГО ПРОДАВА РОНАЛДО: Објавено по која цена и кои клубови се заинтересирани за него

од Stefanija Kuzmanovska

Ова е трета сезона на Кристијано Роналдо во Јувентус, a и покрај неговата возраст тој не го забавува темпото.

Потребни му се уште осум гола за да ја достигне бројката од 100 погодоци во црно-белиот дрес, но тоа не е доволно! Управата на клубот не е задоволна од резултатите и сака да го реконструира тимот.

Роналдо беше донесен да донесе триумф во Лигата на шампионите, а откако испадна од Порто, се откажа од тој проект во Торино. Новата филозофија се потпира на помладите играчи, а ‘рбетот на тимот треба да го сочинуваат Шченсни, Мекена, Киеза и Матијас де Лихт.

Договорот на Кристијан истекува во 2022 година и ќе им биде достапен на другите клубови по цена од 60.000.000 евра. Ова значи дека три години откако Јувентус му плати на Реал 100.000.000 за Португалецот, Јувентус е подготвен за огромна загуба!

Проблем е огромниот приход на Португалецот, кој Јувентус го чини 54.000.000 евра и тоа пред оданочување и е платен многупати повеќе од кој било соиграч.

Според италијанскиот „Медијасет“ ПСЖ, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се подготвени да платат толку многу, а заинтересирани се и клубови од Азија.

Слични содржини