Јувентус не застанува, носи засилување од ПСЖ

од Nikola Popovski

Откако го комплетираа трансферот на Филип Костиќ од Ајнтрахт, не застанаа во Јувентус и напорно работат да доведат уште едно сериозно засилување.

Како што пренесува познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Леандро Паредес ги договорил личните детали со клубот од Торино и останува клубот да се договори со ПСЖ за деталите од трансферот.

Пред реализација на овој трансфер потребно е комплетирање на трансферот на Адријан Рабио во Манчестер Јунајтед, а Јувентус сака да го продаде и Артур.

Паредес ќе има значајна улога во отсуство на Пол Погба, кој ќе пропушти неколку месеци поради повреда.

Покрај Костиќ и Погба, Јувентус летово ги донесе Глејсон Бремер и Анхел Ди Марија.

Слични содржини