Јувентус предлага нов две годишен договор на Роналдо

од Vladimir Zorba

Италијанскиот првак Јувентус ќе ги започне преговорите за нов договор со sвездата Кристијано Роналдо.

Новиот договор ќе биде за две години. Сегашниот договор на Португалецот е до јуни 2022 година, но газдите на „старата дама“ сакаат да го задржат до 2024 година, кога тој ќе има 39 години.

Кристијано игра во италијанскиот клуб од 2018 година кога го напушти Реал Мадрид за сума од 117 милиони евра. Тој оваа сезона има 32 натпревари за „бјанконерите“, има постигнато 25 голови и 4 асистенции.

Ѕвездата во моментов е во Португалија, бидејќи тимот на Јувентус е под карантин поради ситуацијата со коронавирусот.

Слични содржини