Јувентус се уште не знае за победа

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Наполи го победија Јувентус со 2:1 во дербито на третото коло во италијанското првенство после пресврт.

Наполитанците успеаја да го задржат максималниот учинок пред своите навивачи на стадионот „Диего Армандо Марадона“, додека Старата Дама остана на разочарувачкиот поен освоен на стартот од сезоната против Удинезе (2:2).

Јувентус поведе во Неапол со голот на Алваро Мората во 10 -та минута, минимална предност со која заминаа на одмор.

Избраниците на тренерот Лучијано Спалети израмнија во 57. минута, а стрелец беше Матео Политано.

Дефанзивецот Калида Кулибали, кој го постигна првиот гол во Серија А од сезоната 2018/19, донесе голема радост за домашните играчи и навивачи во 85. минута.

Наполи имаше посед на топка дури 69 проценти од времето, 24 удари кон голот на ривалот во однос на само седум на црно-белите.

Неверојатен факт е дека Јувентус не успеа да победи на првите три натпревари во Серија А оваа сезона само по втор пат во последните 52 сезони. Тоа им се случи уште во сезоната 2015/16.

Клубот од Неапол во следното коло ќе игра против Удинезе, додека Старата дама ќе има можност да го подобри впечатокот во дуелот со Милан во Торино.

 

Слични содржини