Јувентус се вклучува во битката за Депај

од Vladimir Zorba

Италијанскиот гигант Јувентус ќе се вклучи во битката за потписот на холандскиот напаѓач на Барселона, Мемфис Депај, пренесе „Superdeporte“.

„Торинезите“ бараат замена за Пауло Дибала, кој најверојатно на лето ќе си замине како слободен играч по седум години на „Алијанц“ стадионот.

И самиот Депај гледа кон излезот од „Камп Ноу“. Тој смета дека не може да се вклопи во стратегијата на тренерот Чави и размислува за опции за продолжување на кариерата далеку од Барселона.

Според италијанските медиуми тој е предмет на интерес и на миланските гиганти Интер и Милан.

Во секој случај, за него ќе треба да се плати трансферна сума, бидејќи има договор до летото 2023 година.

Слични содржини