Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус може да го продолжи договорот со напаѓачот Кристијано Роналдо. Според „Тутопорт“, и покрај фактот дека сегашниот договор со Португалецот е дизајниран до 2022 година и предвидува плата од 31 милион евра на годишно ниво, раководството на клубот сака да го продолжи договорот.

Според „АС“, новиот договор може да биде со важност за уште две години. Така, кога би истекол овој договор Роналдо ќе има 39 години.

Исто така се забележува дека „Старата дама“ ќе се обиде да потпише напаѓач под 30-годишна возраст за да му помогне на Роналдо. Потенцијални засилувања на оваа листа се Тимо Вернер (Лајпциг), Хари Кејн (Тотенхем), Габриел Жезус (Манчестер сити) и Мауро Икарди (ПСЖ).

Оваа сезона, 35-годишниот Роналдо на 22 натпревара во Серија А и постигна 21 гол.

Слични содржини