Јужна Африка ги моли богатите земји: Не натрупувајте вакцини

од Nikola Popovski

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамапоса побара од богатите земји да не собираат залихи на вакцини против коронавирусот, со порака дека во борбата против пандемијата е потребно светот да се обедини.

Во Јужна Африка, скоро половина од смртните случаи предизвикани од корона на Црниот континент, чие население е 1,3 милијарди.

Вакцините треба да бидат ослободени од оние што ги акумулирале, за да можат другите земји да ги добијат, рече Рамапоса за време на виртуелниот Светски економски форум.

„Богатите земји набавуваат големи количини, а некои се снабдиле четири пати повеќе од потребите на нивното население“, соопштил Рамапоса.

Тој е претседател на Африканската унија, која обезбеди 270 милиони дози вакцини овој месец, заедно со 600 милиони од меѓународната програма Ковакс. Вакцините се очекува да бидат достапни оваа година, но во Африка сè уште не се пристигнати никакви дози, според Ројтерс.

Велика Британија нарача 367 милиони вакцини за околу 67 милиони луѓе, а Европската унија скоро 2,3 милијарди за 450 милиони луѓе.

„Не сме безбедни ако некои земји го вакцинираат своето население, а други не“, оцени Рамапоса.

Повеќе од 1,4 милиони луѓе се регистрирани како заразени во Јужна Африка, од кои 41 000 починале од Ковид-19.

Цела Африка забележа повеќе од 3,4 милиони случаи на коронавирус, што однесе вкупно 86 000 животи на континентот.

Јужна Африка се очекува да прими 1,5 милиони дози вакцина развиена од Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека, произведена во Индија, во јануари и февруари, а најавени се уште девет милиони вакцини, произведени од Џонсон и Џонсон.

Слични содржини